Фудбалерите на Реал Мадрид ја победија Барселона со 3:2 и практично ја обезбедија титулата, која уште мелку ќе биде во сосптвеност на Барселона.
Ел Класико немаше да биде тоа што е во светото на фудбалот, доколку нема спорни моменти и поплаки од еднатат или пак од двете страни.
Она што го обележа натпреварот е ситуацијата од 27.минута, кога Ламине Јамал со петица се обиде да постигне гол, Лунин кој не овој натпревар не беше многу сигурен, од гол-линијата ја исфрли топката во поле, или така пресудија главниот судија Сото Градо и неговите колеги во ВАР собата.
„Многу сум разочаран. Ако сакаме да кажеме дека ова е најдобрата лига во светот… Сите видоа дека топката заврши во голот. Ова е само дел од тој систем и судење за кои зборував на почетокот на сезоната. Судијата донесе еден куп погрешни одлуки. Нема повеќе да зборувам за судиите, ако продолжам ќе ме казнат“, рече по натпреварот тренерот на Барселона, Чави.
Навистина е неверојатно дека првенство какво што е шпанското се уште ја нема имплементирано гол-технологијата. Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ го снимаа 16 камери, но ниту една од нив не даде добар агол, кој би покажал дали топката ја минала гол-линијата.
Чави на конференцијата алудираше дека во оваа ситуација не се покажани вистинските агли.
„Ова е срамота. Многу е разочарувачки што не можеа да најдат агол да ја проверат ситуацијата. Во фудбалот има многу пари и не разбирам зошто ја немаме технологијата што ја имаат другите лиги. Срамота за фудбалскиот свет“, беше лут голманот на Барселона, Марк Андре тер Штеген.