Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев одговарајќи на новинарско прашање во врска со нов објект на СВР Охрид, рече:
„Во 2017 кога дојдовме во МВР наследивме рунинирани и катастрофални објекти, полиција без униформи, без покачени плати, без бонус плати. За само 7 години реконстуриравме 80 објекти, 2 објекти се во тек на реконструкција, два изградени и 1 се гради. 17 милиони евра вложивме во тоа, 13 милиони евра во униформи. Лесно е од таа позиција на 82 реконструирани објекти, да наоѓате маана дека еден не бил завршен. Нека не се секира и тој ќе биде завршен”, рече Бојмацалиев.