Говорејќи за програмските определби на Социјалдемократскиот Сојуз и коалицијата за наредните избори, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски се обрати и на земјоделците, оние кои секој ден макотрпно работат за да обезбедат свежи и природни производи на нашите трпези.
„Ветуваме вкупна финансиска поддршка од 1,35 милијарди евра за нашите земјоделци. Планирани се грантови за мали производствени капацитети од 15.000 евра, за млади земјоделци од 10 и 20.0000 евра и грантови за жени земјоделки од 10.000 евра”, порача претседателот Ковачевски од митингот во Велес.
Ковачевски се осврна и на досега сработеното, особено во делот на помошта и поддршката на домашната економија во време на големата економска и енергетска криза што го зафати светот веднаш по КОВИД пандемијата.
„Во изминатиот мандат, наша главна цел беше да го заштитиме и подобриме стандардот и да ја поддржиме домашната економија. Обезбедивме рекордни 2,6 милијарди евра за девет антикризни пакети што ги креиравме. Минималната плата ја зголемивме за 120%, а просечната за 80%. Пензиите пораснаа за 55%. Обезбедивме 100 милиони евра за подршка на домашните компании за развој и за нови вработувања. Ја преполовивме невработеноста на рекордни 12,5%. Ако претходно главната дилема на граѓаните беше дали ќе нè биде или не, денес разговараме колку брзо Македонија ќе биде дел од ЕУ. Тоа е вистински напредок”, посочи Ковачевски.
Ковачевски упати апел до велешани, на 24-ти април и на 8-ми мај да излезат на гласачките места во што поголем број, да го поддржат кандидатот за претседател Стево Пендаровси, на парламентарните избори да го заокружат бројот 1 и својот глас да го дадат за европската иднина на Македонија.