Малолетен учник под 14 години претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае. Насилниот ученик најпрвин нападнал неколку деца во училиштето на голем одмор. Кога дежурната наставничка по географија сакала да ги раздели, тој ја турнал на земја, ја удирал по глава, го фрлил нејзиниот мобилен телефон и се заканувал. Наставничката добила лекарска помош. Детето и претходно правело проблеми. Случајот е пријавен во МВР.