На крајот на четвртиот квартал од 2023 година, јавниот долг на земјите од еврозоната падна од 89,9 отсто во претходниот квартал на 88,6 отсто, објави денеска Евростат. Во Европската унија, јавниот долг на крајот на четвртиот квартал од 2023 година изнесувал 81,7 отсто од БДП, што претставува намалување за 0,7 процентни поени во однос на претходниот квартал.
Во однос на четвртиот квартал од 2022 година, јавниот долг на еврозоната е намален за 2,2 отсто, а јавниот долг на Европската унија за 1,7 отсто. Најголем дел од јавниот долг во четвртиот квартал од 2023 година го сочинуваа обврзниците, поточно 83,4 отсто во еврозоната и 82,9 отсто во Европската унија.
Најзадолжена земја во Европската унија на крајот од четвртиот квартал на ЕУ е Грција со долг од 161,9 отсто од БДП, потоа Италија со долг од 137,3 отсто од БДП, како и Франција со долг од 110,6 отсто од БДП.
За разлика од нив, најмалку задолжена земја од еврозоната е Естонија со долг од 19,6 отсто од БДП, потоа Бугарија со долг од 23,1 отсто од БДП и Луксембург со 25,7 отсто од БДП.