– Царинската управа како партнер на македонското стопанство е посветена на спроведување реформски политики што треба да овозможат забрзан раст на економијата и интеграција во единствениот пазар на ЕУ. Денеска со „Симпекс“, домашна компанија за земјоделска и градежна механизација, со остварен увоз во 2023 од 1,2 милијарди денари, разговаравме за тековните активности што ги преземаме за олеснување и забрзување на трговијата, како и сузбивање на сивата економија, – истакна директорот на Царинска управа, Стефан Богоев, при посетата на „Симпекс“ во Битола.
„Царинската управа активно работи на подобрување на условите за водење бизнис, сузбивање на криминалот и корупцијата, но и собирање повеќе приходи во Буџетот, односно повеќе пари за инфраструктура, здравство и образование“, рече директорот на Царинска управа, Стефан Богоев при посетата на „Симпекс“ во Битола.
Континуираниот дијалог со македонските компании е во насока на креирање ефективни политики и мерки и подобрување на конкурентностa на меѓународните пазари.
Компанијата „Симпекс“ поседува одобрение за царинско складирање и одобрение за овластен примач што им овозможува поедноставено спроведување на транзитни постапки.