Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор испрати видео со поддршка за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.
„Стево е одговорен македонски и европски државник, приоритет му е благосостојбата на Македонија и македонските граѓани, но особено го поддржувам бидејќи е чесен човек. Изборот е лесен, Стево е вашиот претседател“ вели Пахор во обраќањето.
Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи в среда.