Протест на приватните специјализанти пред Министерството за здравство

Приватните специјализанти денеска под мотото „5 до 12 за македонското здравство“ ќе одржат мирен протест пред Министерството за здравство. 

– Се решивме на протест под мотото „5 до 12 за македонското здравство“ со цел повторно да го кренеме гласот за нашите барања за достоинствен живот и основни човекови права. Овој протест нема за цел само изразување на нашето лично незадоволство, туку протестираме и за да го искажеме нашиот стремеж кон подобрување на условите за нас како лекари и за нашите пациенти, стои во соопштението испратено до медиумите.

Минатата недела тие штрајкуваа барајќи зголемување на платите, бесплатно здравствено осигурување и регулирање на работниот статус. Владата на седница во вторникот донесе одлука статусот на приватните специјализанти да се решава по изборите со предлог-законски решенија со кои ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности. 

Треба да знаете
Последни објави