Десет лица загинаа кога два воени хеликоптери се судрија во воздух за време на проба за парада на кралската малезиска морнарица.
Сите 10 загинати се членови на екипажот на хеликоптерите кој учествуваше во несреќата што се случи во поморската база Лумут во западната држава Перак, соопшти малезиската морнарица, пренесуваат агенциите.
За сите жртви е констатирана смрт на лице место, а нивните тела се испратени во болницата во воената база Лумут за идентификација.