– Американскиот претседател Џо Бајден денеска потпиша новиот пакет воена помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел, Тајван и другите сојузници на САД, нагласувајќи дека Вашингтон ќе започне да испраќа нова помош за Киев за неколку часа.
,,Штотуку го потпишав пакетот за национална безбедност што беше усвоен од Претставничкиот дом овој викенд, а вчера од Сенатот“, рече Бајден.
Тој додаде дека ќе се „погрижи испораките да започнат веднаш, во следните неколку часа”, јавија американските медиуми.
„Ова е голем ден за светскиот мир. Овој закон ќе ги направи Америка и светот побезбедни“, рече претседателот по потпишувањето на законот.
„Украина е способна да победи“, додаде Бајден.