Нефункционални апарати за идентификација и изгубен печат се причина денеска да не се гласа на три избирачки места во Куманово, во првиот круг на претседателските избори. Како што соопштија од ОИК Куманово, утрово во 7 отворени беа 164 од вкупно 167 избирачки места. -Избирачкото место 1075 не беше отворено од причина што УБИГ апаратот не беше во функција подолго од три часа, и покрај сите обиди да се донесат нови. Исто така и за избирачкото место 1100, додека во избирачкото место 1090, изгубен е печатот. На овие места според моите информации не е продолжено гласањето во текот на денот. Се чекаше одлуката на ДИК за прекин на гласањето и гласањето ќе биде повторено, изјави претседателката на ОИК Куманово, Елизабета Стојковска.