Излезноста на претседателските избори до 15 часот, според податоците од Државната изборна комисија (ДИК) е 35.26%, што претставува зголемување од 6.37% во споредба со изборите во 2019 година. До овој временски период своето право за гласање го искорситиле 534.988 луѓе. Општина Новаци има најголема излезност од 57.69%, а во апсолутни бројки најмногу гласале во Аеродром – 29.852. Претходно во текот на денот, излезноста до 13 часот била 24.82%, а до 11 часот излезноста била 12.78%. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски на прес-конференција посочи дека не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето кое генерално се одвива мирно и без проблеми.