Англискиот фудбалски премиерлигаш Ливерпул е во завршни преговори со холандскиот стратег Арне Слот за да го наследи актуелниот тренер на „црвените“ Јирген Клоп кој ќе замине од „Енфилд“ на крајот на сезоната. Неколкуте рунди преговори меѓу актуелниот тренер на холандскиот Феенорд, Слот и Ливерпул, се оценети како задоволителни. Холанѓанецот сака да се пресели во Премиерлигата, но за да си подадат рака останува да се прецизираат уште неколку детали. Во меѓувреме Ливерпул води преговори и со Феенорд за висината на обесштетувањето кое ќе треба да го плати за Слот да седне на клупата кај премиерлигашот.