Кошаркарите на Денвер ја забележаа втората победа во серијата од разигрувањето против ЛА Лејкерс (101:99), но победата падна во втор план по видеото на кое се гледа тепачка на трибините во која учествуваат браќата на Никола Јокиќ.
Откако влегол во расправија со еден навивач Страхиња Јокиќ со тупаница го удрил навивачот во глава и со тоа предизвика лавина коментари. Видеото ги преплави социјалните мрежи, а набрзо полицијата објави дека отворила истрага и побара сведоците на настанот да помогнат во пронаоѓање на жртвата која не го пријавила случајот. Покрај барањето за забрана за влез на натпреварите од НБА-лигата за Страхиња, се појави и барање двократниот МВП и кандидат за трето шпризнание Никола Јокиќ да биде суспендирани. Одредени навивачи сметаат дека со суспензија на првиот играч на актуелниот шампион Денвер, Јокиќ, НБА лигата би испратила јасна порака дека ќе биде ригорозна во иднина за ваквите ситуации.