Ограбена куќата на Лука Вилдоза во текот на натпреварот на неговиот тим во Евролигата

Кошаркарот на Панатинаикос, Лука Вилдоза, синоќа бил ограбен во текот на натпреварот на неговиот тим против Макаби во Евролигата.

Аргентинецот не може да се пофали со успешна индивидуална сезона во „зелениот“ дрес, а сега доживеа и големи непријатности на приватен план.

Како што пишуваат грчките медиуми, во текот на вечерта била ограбена куќата на Вилдоза во приградската населба Кифисија. Две се уште неидентификувани лица, наводно, ја скршиле балконската врата, упаднале во домот и украле непозната сума пари и часовник „ролекс“.

Треба да знаете
Последни објави