Двајца млади фудбалери од Премиер лигата, кои настапуваат за истиот клуб од елитната класа на англискиот фудбал, се уапсени откако неименувано лице пријавило случај на силување.
Идентитетот на играчите не е објавен, но Дејли Мејл објави дека тие се соиграчи и дека и двајцата имаат по 19 години.
Полицијата ги уапси на стадионот на нивниот клуб. Засега нема официјална реакција од клубот. Еден од фудбалерите е уапсен под сомнение дека е соучесник, додека другиот е уапсен поради сомнение дека директно извршил силување.
Двајцата играчи се ослободени од притвор откако платиле кауција, пишува Дејли Мејл.