Словенец освоил 60 милиони евра на европската лотарија

На европската лотарија „Еуроџекпот“ две лица – од Словенија и Германија освоија по 60 милиони евра со погодување на добитна комбинација од седум броеви.

Ова е најголемата добивка на лотарија во историјата на Словенија, а од тие 60 милиони евра, непознатиот среќен добитник ќе добие 51, додека девет милиони евра ќе и плати данок на општината од која е, објави словенечкиот портал 24UR.

Добитниците ќе можат да ја подигнат наградата до 22 јули годинава.

На почетокот на годинава, во јануари, на лотаријата „Еуроџекпот“ беше извлечена премија од 2,3 милиони евра со добитна комбинација од шест броеви.

Треба да знаете
Последни објави