Четири земји од Групата 20 најголеми економии бараат милијардерите да плаќаат данок од најмалку два отсто

Четири земји од Групата 20 најголеми економии во светот – Бразил, Германија, Шпанија и Јужна Африка – потпишаа предлог за воведување данок од најмалку два отсто за 3.000 милијардери во светот, што ќе обезбеди 292 милијарди евра за борба против сиромаштијата и климатската криза.

Министрите од споменатите земји истакнуваат дека воведувањето данок на милијардерите ќе ја намали глобалната нееднаквост и ќе му помогне на светот да се справи со шоковите од пандемијата, климатската криза и воените конфликти во Европа и на Блискиот Исток, пишува Гардијан.

„Време е меѓународната заедница сериозно да се зафати со нееднаквоста и финансирањето на глобалните јавни добра“, нагласуваат министрите. Тие бараат повеќе земји да се приклучат на нивната кампања и додаваат дека годишниот данок на имотот на милијардер би бил доволен за покривање на сите глобални штети предизвикани од екстремните временски услови во 2023 година.

Групата 20 земји ќе разговара за овој план во јуни. Франција сигнализираше дека ќе го поддржи планот, а претседателот на Групата 20 Бразил е охрабрен што Соединетите Држави не се противат на идејата.

„Милијардерите имаат најниска ефективна даночна стапка од која било социјална група. Мислам дека никој не го поддржува тоа“, изјави францускиот економист Даниел Зикмо.

Треба да знаете
Последни објави