Избеганите коњи на британската гарда повредиле четири лица додека галопираа низ центарот на Лондон

Вкупно пет британски коњички коњи побегнале вчера за време на вежба во центарот на Лондон и повредиле најмалку четири лица и се судриле со возила за време на утринскиот шпиц додека галопираа низ центарот на градот, а два од нив се во тешка состојба.

Лондонската служба за брза помош соопшти дека згрижила четири лица повредени во три одделни инциденти во рок од 10 минути откако коњите почнале да трчаат низ центарот на градот.

Коњите побегнале од рутинска вежба во гардиската коњаница во Вестминстер, откако биле исплашени од вревата предизвикана од блиските градежни работници, објавија британските медиуми.

На видеата објавени на социјалните мрежи, два коња, црн и бел, може да се видат како галопираат низ центарот на Лондон, а еден од нив е повреден.

Изгледа дека исплашен коњ го скршил прозорецот на такси паркирано во близина на Бакингемската палата.

Оштетено е и ветробранското стакло на паркираниот двокатен автобус.

Гардиската коњаница во Вестминстер е блиску до Бакингемската палата и Вајтхол.

Треба да знаете
Последни објави