Мистерката за одбрана и носителката на изборната листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ шест, Славјанка Петровска вечерва во емисијата Само вистина порача дека ВМРО-ДПМНЕ е пример за лажен патриотизам.
„Името Македонија го нема во вашиот Статут кој го сменивте во 2021 година. Замислете, партијата која тврди дека е најнационалната и најпатриотска партија, ниту еднаш не е спомнато името Република Македонија или Република Северна Македонија. Тој статут на ВМРО-ДПМНЕ зборува за кукавичлукот и за предавството, на народот му е преку глава од лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ“, реплицираше Петровска на носителката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.
Стојановска се закани дека ќе ги фрли документите кои ги покажува Петровска.