Смутито е секогаш добар избор и за појадок и за ужина, а особено е добар како детоксикација. Слободно може да се каже дека зелените смути се омилен облик на детоксикација.
Освен тоа, прават да изгледаме и да се чувствуваме помлади, па не е ни чудо што многумина веруваат дека секојдневното консумирање смути е тајната за добро здравје.
Ова зелено смути се прави со 1/2 шолја бадемово млеко, 1/4 чаша боровинки, 2 шолји спанаќ, 1-2 урми (без семки), 1 лажица семе од коноп, 1/2 зрело авокадо, 1/2 банана, 1 лажица кикиритки путер, грст мраз.
Прво ставете го бадемовото млеко во блендер, а потоа додадете ги сите останати состојки. Мешајте додека не добиете мазна, кремаста смеса.