Актерот Мет Дејмон во кариерата се појави во многу популарни наслови како што се Марсовецот, Спасувањето на војникот Рајан, Единаесетмината на Оушна, Џејсон Борн и Талентираниот господин Рипли. Сепак, еден од неговите најпознати филмови е Добриот Вил Хантинг од 1997 година, кој го работеше со Бен Афлек.
Освен нив, во филмот глумеше и легендарниот Робин Вилијамс, кој играше еден од клучните ликови, а за кого Дејмон рече дека му должи се во животот.
„Бен и јас му должиме сè. Тој рече „да“ на нашиот филм и го направи уште подобар. Никогаш не можев доволно да му се заблагодарам. Гледам наоколу во животот што го имам и колку се чувствувам благословен, а толку многу започна со него“, коментираше Мет Дејмон, пренесува Far Out Magazine.