Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ги одбра кандидатите од пиширокиот список на кои ќе смета за бараж-дуелот против Фарски Острови за пласман на Светското првенство 2025 година. Лазаров ги објави имињата на 20-те ракометари на кои ќе смета за двомечот. Македонија и Фарски Острови првата пресметка ќе ја имаат на 8 мај, на теренот на противникот, а реваншот е закажан четири дена подоцна во Скопје, кога и ќе биде познат патникот на следниот ракометен Мундијал. Собирот на македонската репрезентација е закажан за 3 мај.