Први сигнали дека ви е потребна детоксикација се чувство на замор, лошо варење, намалена концентрација, кожни проблеми, главоболка.
Идеално време во годината за „генерално чистење на организмот“ е периодот по зимата. Правилото гласи „свежото е здраво“ и затоа препораката е да јадете сирово овошје и зеленчук, житарки и мешунки, јадења готвени на пареа зачинети со маслиново масло и лимонов сок.
Се препорачува и сушено овошје, брокули, карфиол, лук, кромид, артичоки, кељ, блитва…
Од житарки изберете хељда, просо, интегрален ориз. Зелениот чај не само што ги чисти токсините, туку содржи и посебен вид на антиоксиданти, за кои е познато дека ја зајакнуваат функцијата на црниот дроб.
Во истата цел може да послужи и чајот од ленено семе. Тој се подготвува така што 2 супени лажици ленено семе се прелеваат со 250 мл млака вода, смесата се меша и се остава да отстои околу еден час. Смесата се процедува и да се консумира наутро пред јадење.