„Скандирањето на извиците ‘УЧК’, во било кое време, од било која партија, не е потребно, ниту ќе биде потребно. Корист од тоа нема никој. Тоа се надополнува на реториката на ВМРО-ДПМНЕ и ја враќа државата назад во едни темни времиња“ рече министерката за одбрана и носителка на листата во ИЕ6 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Славјанка Петровска во „Аргумент плус“ на ТВ24.
Таа додаде дека ќе направи се од себе за тие времиња да не се повторат, кога царуваше лажниот национализам.
„Во такво време се враќаат големите економски, социјални проблеми, па кога нема што да се зборува за нив се зборува за национализам“ рече Петровска.