Чешкиот тенисер Јиржи Лехечка вечерва во осминафиналето на Мастерсот во Мадрид го совлада Шпанецот Рафаел Надал со резултат 7:5, 6:4.
Надал покажа голема желба и борба, но не можеше повеќе на турнирот, каде пет пати ја освојуваше титулата.
Во четврт-финалето Лехечка ќе игра со Русинот Данило Медведев, кој претходно го совлада Казахстанецот Александар Бублик со 7:6 (7:3), 6:4.