Баерн Минхен и Ралф Рангник се во завршни преговри за испразнетото тренерско место

Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен, кој по единаесетгодишна доминација во бундеслигашката конкуренција сезонава останува без титулата, на крајот од сезоната ќе добие нов тренер. Се поизвесно е дека наследник на Томас Тухел ќе биде селекторот на австриската фудбалска репрезентација Ралф Рангник, кој е во завршни разговори со Баерн. На Европското првенство Австрија ќе игра во групата „Д“ со Франција, Холандија и Полска, а Рангник по завршувањето со настапите на континеталниот собир ќе се збогува со репрерзентацијата и ќе се поресели на клупската сцена каде главна цел ќе му биде да го врати Баерн на шампионската патека. Како што пренесуваат германските медиуми, Рангник му потврдил на Баерн дека сака да биде тренер на баварскиот клуб.

Треба да знаете
Последни објави