Исчезнатото девојче од Сарај е пронајдено

Денеска (01.05.2024) околу 18.15 часот во Сарај е пронајдено 5-годишно дете, за кое околу 16.20 часот во ПО Сарај од страна на М.Х. беше пријавено дека се оддалечило во паркот Сарај, информира МВР.

Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници на СВР Скопје преземени се мерки и активности за пронаоѓање и околу 18.15 часот детето е пронајдено.

Инаку, денеска поради 1 мај излетничкото место парк Сарај беше преполно со посетители.

Треба да знаете
Последни објави