Чешкиот тенисер Јиржи Лехечка го елиминираше Рафаел Надал од турнирот во Мадрид

Чешкиот тенисер Јиржи Лехечка вечерва во осминафиналето на Мастерсот во Мадрид го совлада Шпанецот Рафаел Надал со резултат 7:5, 6:4.

Надал покажа голема желба и борба, но не можеше повеќе на турнирот, каде пет пати ја освојуваше титулата.

Во четврт-финалето Лехечка ќе игра со Русинот Данило Медведев, кој претходно го совлада Казахстанецот Александар Бублик со 7:6 (7:3), 6:4.

Треба да знаете
Последни објави