Најголемиот град на Обединетите Арапски Емирати, Дубаи, повторно беше погоден од дожд, а авиокомпанијата „Емирати“ беше принудена да откаже и одложи неколку летови.
Врнежите не беа толку силни како пред две недели, но во Дубаи паднаа 20 милиметри дожд за 12 часа, што е повеќе од двојно повеќе од април и мај заедно.
Во Абу Даби за 24 часа наврнале 34 мм дожд, што е повеќе од четири пати повеќе од нормалната количина, јавува Си-Ен-Ен.
Овојпат жителите биле подобро подготвени: канализацијата била отворена ден пред дождот, а на мобилните телефони на жителите биле испратени итни пораки со предупредување доколку е можно да останат во домовите.
Властите во земјата одлучија денеска и утре учење и работа да се врши преку интернет во подрачјата погодени од врнежите.
Патиштата до долините подложни на поплави се затворени, а од луѓето исто така е побарано да се држат настрана од планинските, пустинските и морските области.
Научниците го припишуваат рекордното количество дожд што падна во ОАЕ и Оман пред две недели на климатските промени.
Врнежите предизвикаа разорни поплави во неколку делови на ОАЕ, при што загинаа најмалку четири лица, а меѓународниот аеродром во Дубаи беше поплавен.
Во Оман загинаа најмалку 19 лица, меѓу кои 10 деца, чиј училишен автобус беше однесен од поројните дождови.