Бројот на жртвите од поплавите во Бразил се зголеми на 56

 Најмалку 56 лица загинаа во поплавите во бразилската држава Рио Гранде до Сул, откако оваа недела обилните дождови го зафатија тој дел на Бразил, додека 67 лица се водат како исчезнати, соопшти денеска локалната власт.

Според податоците на Цивилната заштита, 281 општина биле погодени од поплави од историски размери.

Без покрив над главата останале 8.296 лица, а раселени се 24.666 лица.

Владата наведува и дека во трагедијата биле погодени 377.497 лица, а повредени се 74 лица.

Претходниот биланс на жртви од поплавите, во петокот вечерта, изнесуваше 37.

Треба да знаете
Последни објави