Денешната генерална проба во Малме за учесниците на Изборот за песна на Евровизија 2024, кои утревечер (9 мај) ќе настапат на втората полуфинална вечер помина со засилено полициско обезбедување. Причината е што меѓу учесниците на пробниот настап е и Еден Голан, претставничката на Израел, поради што безбедносните мерки околу арената во Малме каде се одржува настанот се такви што не е пријатно да се биде во нивна близина. Има оклопни возила, полициски возила, полицајци во полна опрема, како и полиција во цивилна облека. Интересот на медиумите е голем, па денеска ги има многу повеќе отколку на пробата на учесниците кои настапија во текот на првата полуфинална вечер.
