Тројца скопјани каснати од кучиња скитници

Во текот на вчерашниот ден се регистрирани три случаи на каснување од кучиња скитници на подрачјето на Скопје.

На 07.05.2024 во 13.40 часот во Полициската станица Аеродром, Ф.А.(34) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански” во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 07.05.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Карпош, А.В.(47) од Скопје пријавила дека на Средно Водно била касната од куче скитник.

На 07.05.2024 во 20.15 часот во Полициската станица Драчево, И.Л.(29) од Скопје пријавил дека на ул.„Малешевска” во Скопје бил каснат од куче скитник.

Треба да знаете
Последни објави