На официјалната страница на социјалната мрежа „Фејсбук“ од францускиот претседател Емануел Макрон се појави честитка, на македонски јазик, упатена до новоизбрата претседатеелка на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова. В недела таа треба да биде инаугурирана од Собранието по што и официјално ќе стане првата жена претседател на Македонија. -Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели. Ја поздравувам храбрата посветеност на Стево Пендаровски, а на Гордана Сиљановска Давкова ѝ ги упатувам моите срдечни честитки за изборот за Претседател. Франција останува на страната на Северна Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина, напиша Макрон на Фејсбук.
![](https://arhiva.24info.mk/wp-content/uploads/2024/05/makron-cestitka-1311232.png)