Од безбедносни причини и со цел да се заштитат посетителите за време на туристичката сезона, популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и ова лето ќе биде затворена за туристи, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно министерската одлука, пристапот до плажата е забранет и од копно и од вода, за прекршувањата предвидени се административни казни, а „Навагио“ ќе биде затворена до 31 октомври 2024 година. Популарната плажа на грчкиот остров и лани, за време на летниот период, исто така со министерска одлука беше затворена откако беше констатирана голема опасност од лизгање на земјиштето поради ерозија.
![](https://arhiva.24info.mk/wp-content/uploads/2024/05/picture-311-660x500-1.jpg)