Руската Дума го изгласа Мишустин за прмеиер

Државната дума на Русија на пленарна средба усвои предлог за резолуција за именување на Михаил Мишустин за премиер. За тој предлог гласаа 375 пратеници, 57 беа воздржани, а ниту еден од пратениците не гласаше против. Старо-новиот премиер треба да поднесе предлози за структурата на федералните извршни тела до претседателот на Русија најдоцна една недела по неговото именување. Претходната влада на Мишустин автоматски поднесе оставка по инаугурацијата на претседателот Владимир Путин на 7 мај, кој потоа предложи и идната влада да продолжи да ја води 58-годишниот Мишустин.

Треба да знаете
Последни објави