За парламентарните избори кои се одржаа во средата (8 мај) до истекот на крајниот рок за приговори пристигнаа вкупно 27. Државната изборна комисија (ДИК) в понеделник на јавна седница ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори. -Десет приговори се поднесени од коалицијата Вреди и тоа за избирачки места во Гостивар, Тетово, Желино, Боговиње и Врапчиште. 8 приговори од коалицијата Твоја Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, за избирачки места во Охрид, Демир Хисар, Крушево, Кичево, Струга, Битола, Долнени и Ресен. 5 приговори од коалицијата за Европска иднина предводена од СДСМ, за Струга, Битола и Кичево и 4 од партијата Левица за Чаир, Струга и Гази Баба“. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, денеска изјави дека станува збор за групни приговори со кои се опфатени повеќе избирачки места. Некои од тие приговори, доколку бидат усвоени можат да донесат промени во распоредот на пратеничките мандати, како на пример во 5. и 6. изборна единица.