Грчката полиција денеска уапси 15 лица поради учество во тепачката што вчера вечер се случила на островот Миконос, а во која загина еден маж, а друго лице се здоби со сериозни повреди. Се очекува дека најмалку седуммина од уапсените ќе одговараат за кршење на законите за оружје, дрога и странци, пишува порталот Екатимерини. Инцидентот во кој учествувале околу 25 пакистански државјани и во кој биле избодени две жртви, се случил зад ноќен клуб во Миконос. По тепачката полицијата извршила проверки во пристаништето на островот и на аеродромот со цел да го идентификува и уапси извршителот на убиството, пишува грчкиот портал.