Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер сити во натпревар од 36. премиерлигашко коло го растури Фулам (4:0) на Кревин Котиџ во Лондон и го запоседна првото место на табелата со два бода повеќе од Арсенал. До крајот на сезоната Манчестер сити и Арсенал треба да одиграат уште по два натпревари во Премиер лигата. Тотенхем и Вест Хем се противниците на „граѓаните“, а Арсенал ќе се соочи со Манчестер јунајтед и Евертон. Манчестер сити лесно излезе на крај со Фулам, а главен реализатор беше хрватскиот одбранбен интернационационалец Јошко Гвардиол кој демонстрираше на двапати дека добро се снаоѓа и пред противничкиот гол. Гвардиол во 13. минута погоди за водство од 1:0, а Фоден во 59. минута зголеми на 2:0. Гвардиол на давесетина минути пред крајот по вторпат ја погоди противничката мрежа (3:0), а Алварез од пенал во судиското продолжение го постави конечниот резултат.