Во Кабинетот на претседателот на С. Македонија, утре напладне (12 мај 2024 година), ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести. По свечената церемонија новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и претседателот Стево Пендаровски ќе остварат тет-а-тет средба.