Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Азербејџан, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ). Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, додава ЕМСЦ. Епицентарот на земјотресот се случил на 19 километри североисточно од градот Ланкаран, кој има околу 210.000 жители. Засега нема информации за евентуална материјална штета.