Хуркач го преслуш Надал во Рим и го натера да размислува за крај на кариерата

Полскиот тенисер Хуберт Хуркач се пласираше во третото коло на Мастерсот во Рим откако за 93 минути го елиминираше Шпанецот Рафаел Надал со 2:0 (6:1, 6:3). Надал кој важи за еден од најдобрите тенисери во светот долго време беше надвор од терените поради повреда, па откако година почна да игра не е ни бледа сенка од неговите славни времиња, по што најви дека ќе се ближи крајот на неговата кариера, но не посочи датум на кој ќе се повлече од „белиот спорт“. Можеби најновиот удар кој го доживеа Надал од Хуркач, кој е 9. тенисер во светот е најава за крај на успешната тениска приказна за Шпанецот. Хуркач во првиот сет навести како ќе се одвива пресметката со Надал. Направи брејк во четвртиот и шестиот гем, дозволувајќи му на Надал само еден гем. И во вториот сет одигра убедлива партија, а со брејк во третиот сет практично го реши прашањето на победникот. Ривал на Хуркач во следното коло ќе биде Аргентинецот Ечевери.

Треба да знаете
Последни објави