Денвер рано утрово на гостински терен ја победи Минесота со 117:90 во третиот натпревар од второто коло на НБА плејофот. Најзаслужен за триумфот на Нагетс е Никола Јокиќ.
Србинот мечот го заврши со дабл-дабл ефект запишувајќи 24 поени и 14 скока. Имаше и девет асистенции, само една го делеше од трипл-дабл. Џамал Мареј постигна исто така 24 поени.
Во поразениот тим најефикасен беше Ентони Едвардс со 19 поени.
Резултатот во серијата прв до четири победи е 2:1 за Минесота тимбервулвс.
Четвртиот натпревар ќе се одигра на 13 мај исто така во Минесота.
На другиот натпревар одигран ноќта петок кон сабота, Индијана го победи Њујорк со 111:106 и намали на 1:2 во серијата.