На 10.05.2024 во 12.30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го приведоа П.Ј.(43) од Кичево, кој бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од 15 месеци за сторени повеќе кривични дела „кражба” и „тешка кражба”. П.Ј. е предаден за издржување на затворската казна во Казнено поправната установа „Затвор Идризово”.