Принцот од Велс за време на посетата на болницата разговарал за здравјето на својата сопруга и за прв пат открива како е Кејт Мидлтон.
– Добро е – накратко рекол Вилијам за здравствената состојба на Кејт Мидлтон, пишува Dailymail.
Да потсетиме, во емотивна видео порака, снимена во Виндзор на крајот на март, Кејт Мидлтон откри дека има рак, пишува Информер.
– Добро сум и секој ден станувам се посилна, се фокусирам на работи кои ќе ми помогнат да излечам. Тоа што го имам Вилијам покрај мене е исто така голема поддршка и утеха. Како и љубовта, поддршката и љубезноста што ја покажаа многумина од вас. На двајцата ни значи многу.
Болеста на Кејт беше откриена дури откако таа беше подложена на голема операција на стомакот во клиника во Лондон во јануари. Кенсингтонската палата соопшти дека нема да споделува детали за тоа каков тип на рак има принцезата или во која фаза е и побара од луѓето да не шпекулираат.
– Вилијам е исклучително горд на својата сопруга за храброста и силата што ја покажа не само во времето на приказната за ракот, туку од почетокот на годината. „Сега повеќе од кога било, тој е фокусиран на тоа неговата сопруга да ја има потребната приватност за целосно да се опорави и дека неговите деца се заштитени“, рече изворот.