Укината пресудата на докторот за пожарот во ковид-болница во Тетово

Докторот од болницата во тетово, Бобан Вучевски, е правосилно ослободен од обвинението поврзано со пожарот во тетовската модуларна болница во кој на 8 септември 2021 починаа 14 пациенти.

„Со Пресуда КЖ.бр.318/23 на Апелациониот суд во Гостивар, д-р Бобан Вучевски / Dr.Boban Vucevski е конечно ослободен од кривичното дело за кое се обвинуваше за пожарот во модуларната болница. 

Тука завршува овој судски процес за Др.Вобан. Им се заблагодаруваме на сите граѓани, кои ни даваа подршка во борбата за правда за Др.Боби и која правда ја докажавме“, објави групата за негова поддршка.

Тетовскиот суд лани ја изрече првостепената пресуда за тројцата обвинети за пожарот во модуларната болница која изгоре, а однесе и 14 животи. Обвинети се поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми, раководителот на ковид центарот, докторот Бобан Вучевски и Флорин Бесими, ексдиректорот на болницата во Тетово.

Ексдиректорот на тетовската болница Флорин Бесими и поранешниот економски директор Артан Етеми, не се гонеа поради причината за пожарот во тетовската модуларна болница, туку бидејќи не ставиле пропишани уреди за гаснење на пожар. На Вучевски му се судеше бидејќи дозволил влез на роднини во болничките соби, иако тоа било забрането.

Обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми и правното лице Клиничка болница Тетово за кривичното дело тешки дела против општата сигурност првостепено  добија казна од една година и шест месеци, со услов во наредните три години да не го повторат делото.

Ослободителна пресуда судот и тогаш донесе за докторот Вучевски кој се товареше за делото непостапување по здравствени прописи. 

Треба да знаете
Последни објави