Бројот на загинати во поплавите во јужен Бразил се искачи на 136

Бројот на загинати во поплавите во бразилската држава Рио Гранде до Сул се искачи на 136, а 125 лица се уште се водат како исчезнати, соопштија локалните власти. Претходно беше соопштено дека во поплавите загинаа 126 лица.

Околу 537.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови поради поплавите.

Обилните врнежи, поврзани со овогодинешниот силен Ел Нињо, предизвикаа неколку реки и езера во тој дел на Бразил да го достигнат највисокото ниво досега и да се излеат од коритата.

Треба да знаете
Последни објави