ДУИ го бојкотираше вториот круг од претседателските избори, но пратениците се појавија на инаугурацијата на Сиљановска

Пратениците на ДУИ денеска се појавија на седницата на Собранието каде се обрати новиот претседател на државата, Гордана Сиљановска Давкова.

Иако оваа политичка партија не повика на гласање во вториот круг и практично работеше на бојкот на претседателските избори, сепак нејзините пратеници денеска беа присутни во салата каде Сиљановска даваше заклетва.

Но и покрај тоа што не го ингорираа обраќањето на Сиљановска, сепак од ДУИ веднаш реагираа дека таа го пркршила Уставот со тоа што во заклетвата не го кажала уставното име на државата.

Обраќањето на Сиљановска ја налути и грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду, која ја напушти свечената седница во Собранието, откако Сиљановска ниту еднаш не кажа Северна Македонија.

Министерот за правда пак, Кренар Лога смета дека заклетвата на Сиљановска е ништовна и порача дека целата постапка на избор на претседател мора да се повтори одново или ВД претседател да биде собранискиот спикер Јован Митрески.

Треба да знаете
Последни објави