Сингапур: Полицијата уапси 319 лица за измама, жртвите оштетени за 6,6 милиони долари

Сингапурската полиција уапси 319 лица осомничени за измама за време на операцијата што се одвиваше од 26 април до 9 мај, се вели во соопштението на полицијата.

Осомничените биле вмешани во повеќе од 1.100 случаи на измами, вклучително и измама со е-трговија, измама со лажно претставување, инвестициска измама, измама преку интернет состаноци и измама при вработување.

Полицијата соопшти дека жртвите претрпеле штети од повеќе од девет милиони сингапурски долари (околу 6,6 милиони американски долари), пренесува Ксинхуа.

Осомничените биле под истрага за измама, перење пари или давање платежни услуги без лиценца.

Треба да знаете
Последни објави