Гордана Силјановска Давкова и официјално ја презеде должноста Претседател на државата

Денеска во Скопје на 151-вата собраниска седница Гордана Силјановска Давкова пред пратениците ја даде свечената изјава со што и официјално ја презеде должноста Претседател на Република Северна Македонија и стана 6-ти по ред шеф на државата од независноста.

Силјановска при давањето на заклетвата наместо уставното име „Република Северна Македонија“  го употребуваше Македонија.

Во говорот наведе дека таа не верувала дека ќе стане шеф на државата, како што во нејзина победа верувал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Таа во својот говор укажа на големото значење на жените во политиката и дека за сите ќе се грижи за сите еднакво.

-Ќе бидам претседателка и на левата и на десната страна. Ќе бидам претседателка на сите граѓани нема да правам разлика ниту по етничка ниту по верска ниту по полова ниту по било каква разлика. Ќе се обидам да ги оправдам овие илјадници гласови, тие се најголемата обврска што сум ја имала во животот, рече новата претседателка Силјановска Давкова.

-Време е за единство и за тоа ќе им се обратам на жените. Бидејќи ние покажуваме дека не се грижиме само за себе туку и за сите околу нас. Среќна сум што деновиве првите честитки дојдоа од жени. Среќна сум што ќе инспирирам други жени. На Западен Балкан се уште е жив патријархатот, затоа мислам дека силните жени на поинаков начин може да ги решаваат проблемите, посочи Силјановска во обраќањето кое беше посветено на улогата на жените во политиката и која треба да биде многу поголема.

Гордана Силјановска Давкова е прва жена претседател на Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави